Спорт
Спорт – нормална физичка активност или вештина изведена под јавно прифатени правила и со цел да рекреира: за натпреварување, за сопствено уживање, за усовршување, за развивање на вештина, или за комбинација од наведените. Она што го карактеризира секој спорт е јасната цел, комбинирана со впечатокот за поединечна (или тимска) вештина или способност. Првите спортови како на пример лов и трчање настанале бидејќи биле потребни за да се преживее. За разлика од тогаш, денеска луѓето се занимаваат со спорт за здравје и релаксација.
Олимписки игри
Секоја четврта година спортисти од целиот свет се собираат за да се натпреваруваат на олимписките игри.Постојат Летни олимписки игри, Зимски олимписки игри и олимписки игри за инвалиди.
https://mk.m.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%BF%D0%BE%D1%80%D1%82