Семејство

Семејство

Семејство (потесно семејство) е семејна заедница која се состои само од брачен пар или од родители (двајца или еден) и нивните деца кои не се во брак. Под семејство се подразбира и заедница на партнери кои живеат заедно, а законски немаат засновано брачна заедница.

Во согласност со дефиницијата за семејство, се разликуваат следните типови на семејства:

  • брачен пар без деца;
  • брачен пар со дете/деца кои не се во брак;
  • родители (партнери кои не се во брак) со дете/деца кои не се во брак;
  • мајка со дете/деца кои не се во брак и
  • татко со дете/деца кои не се во брак.

Зборот Семејство води потекло од зборот семе. Како поим во секојдневниот говор со семејство означуваме заедница од родители и потомци. Клучната цел на таквата заедница е одгледување на потомците.

Реченицата на Владимир Илич Ленин дека: “…Семејството е основна клетка од која е изградено општеството“ го втемелува имањето потомство како предуслов за имање општество.

Семејството и општеството се појави кои не се забележани само кај луѓето, туку се чести во живиот свет.

https://mk.m.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D1%98%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE