Categories
MK-MK

Среќа

🤔 Радост, среќа, здравје: 1. Внатрешен мир. 2. Добивање задоволство од помагањето и поддршката за другите. Односи. 12R.tv❌✅ Ви посакувам вас, јас и другите, на крајот на следната година секој од нас да каже: „2022 беше најдобрата година во мојот живот🙂👍“. Marcin Ellwart

Среќа

Среќата е чувство кое го поседува секој човек, но понекогаш поединецот не е свесен за среќата која ја има. Среќата може да биде различна. Се смета дека работите кои го прават човекот среќен се мали и безначајни, а работите кои го растажуваат се големи. Човекот е среќен кога нема грижи, кога е задоволен од својот живот, кога желбите му се остварени, но не е среќен ако неговите желби се остварени, а не се остварени желбите на некои луѓе (особено, на блиските).

Според италијанскиот поет Џакомо Леопарди, најголемата можна среќа за човекот на овој свет е да живее спокојно поради својата состојба полна со смирена и сигурна надеж за некоја многу подобра иднина. Притоа, тој не треба да се вознемирува со желбата што побрзо да ја ужива замислената најубава иднина.[1]

Во својата книга „Богатството на царот Радован“, српскиот поет Јован Дучиќ ја вклучил и расправата со наслов „За среќата“. Во неа, тој вели дека сфаќањето на човекот за среќата е релативно, во зависност од возраста, културата или општествениот слој.[2]

Wikipedia.org:

https://mk.m.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D1%80%D0%B5%D1%9C%D0%B0

Препорачувам музички видео клипови на Интернет (YouTube.com) – index:  7hi7.com/music, o5go.com, 12R.TV/music0-zz.com

Македонски јазик

јужнословенски јазик

Македонски јазик — јужнословенски јазик, дел од групата на словенски јазици од јазичното семејство на индоевропски јазици. Македонскиот е службен и национален јазик во Македонија, а воедно е и официјално признат како регионален службен јазик во Горица и Пустец во Албанија каде што живее бројно македонско население, но и во Србија како официјален во општините Јабука и Пландиште, Романија и Косово. Македонски се зборува и во Австралија, Бугарија, Грција, Канада, САД, Црна Гора, Турција, во некои земји−членки на Европската Унија и останатата македонска дијаспора. Вкупниот број на македонски говорници е тешко да се утврди поради несоодветни пописи, но бројката се движи од околу 2,5 до 3 милиони луѓе.

Според ценетиот јазичарички извор Etnologue, македонски се зборува и во југозападниот дел на Бугарија и северна Грција, но нема податоци за бројот на луѓето. Сличен став имаат и BBC, Британика и УНЕСКО.

https://mk.m.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D1%98%D0%B0%D0%B7%D0%B8%D0%BA

Македонија

земја во југоисточна Европа

Македонија, службено позната под новото контроверзно уставно име Република Северна Македонија (РСМ) или скратено Северна Македонија[8] — држава сместена на Балканскиот Полуостров. Земјата е една од наследничките држави на поранешна Југославија, од која прогласи независност во 1991 година. Зафаќа околу 38% од вкупната површина на регионот Македонија. Географски земјата граничи со Србија (и Косово) на север, Бугарија на исток, Грција на југ и Албанија на запад. Релјефот на државата е главно планински. Иако е континентална држава, таа има повеќе од 50 езера и шеснаесет планини повисоки од 2.000 метри.

Македонија е суверена[9], самостојна[10][11], демократска[9][12] и социјална држава[10][13]. Главен град на државата е Скопје со население од 506.926 граѓани (проц. 2004). Други поголеми градови се: Битола, Куманово, Прилеп, Тетово, Велес, Штип, Охрид, Гостивар, Струмица, Кичево, Кавадарци и Кочани. Македонија има вкупно 25.713 километри квадратни во кои живеат околу 2.114.550 жители (проц. 2009), од кои мнозинството се Македонци. Службен јазик во државата е македонскиот, додека официјална валута е денарот.

Во 1993 година, Македонија станала членка на Обединетите нации, но поради спорот со името кој го водела со Република Грција, таа била примена под привремената референца Поранешна Југословенска Република Македонија. Македонија е членка и на советот на Европа и НАТО. Од декември 2005 година, исто така, таа е и кандидат за приклучување кон Европската Унија.

https://mk.m.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0


7hi7.com12r.tv