Слобода

Слобода

Што се подразбира под политичка слобода? Во античкиот свет, особено кај Грците, да бидеш слободен значело да учествуваш во управувањето со својот град. Законите важеле само во оној степен во кој поединецот учествувал во нивното кроење и укинување. Да се биде слободен не значело да се почитуваат закони создадени од други, а кои важеле за оној кој не ги гласал. Овој вид на демократија подразбирал дека власта и законите биле слободни да навлезат во сите животни сфери. Никој ниту бил слободен од, ниту пак барал слобода од таквиот надзор. Демократите без исклучок тврделе дека секој човек подеднакво подлежи на критика, истрага, и по потреба оптужба пред законите во интерес на изградбата и одржувањето на простор отворен за учество на граѓаните.

“Слободата отсекогаш во суштина се состоела од правото да го избереш она што сакаш да го избереш бидејќи така си одлучил да избереш, неприсилен, немалтретиран, непроголтан од масивен бирократски систем; како и од правото да пружиш отпор, да бидеш непопуларен, да застанеш зад своите уверувања само затоа што се твои уверувања. Така изгледа вистинската слобода, и без неа не може да има ниту слобода од каков било вид, ниту пак илузија на слобода.” (Исаија Берлин, Слобода и нејзиното предавство)

https://mk.m.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%BB%D0%BE%D0%B1%D0%BE%D0%B4%D0%B0